„Сведмилк“ денеска на лицитација

Bez autora
Jun 15 2011

Опрема за стерилизирање млеко, машини за пастеризација, пумпи за млеко, компјутери за контрола на процесот на производство на млеко и стотина резервни делови од „Сведмилк“ денес се продаваат на лицитација. Се продава и земјиштето на кое е сместена зградата. Продажбата ја објави Тутунска банка, која е најголемиот доверител во фирмата со цели 8 милиони евра. Од банката велат дека и покрај продажбата на опремата и на земјиштето, максималната цена што може да се постигне се 7 милиони евра. Ова ќе значи дека не само што банката нема да го покрие долгот туку со кратки ракави ќе останат и останатите доверители и сточарите на кои оваа млекарница им должи цели 4 милиони евра. Продажбата е преку извршителот Гордан Станковиќ, а учесниците на лицитацијата се држат во тајност.

„Сведмилк“ денеска на лицитацијаОпрема за стерилизирање млеко, машини за пастеризација, пумпи за млеко, компјутери за контрола на процесот на производство на млеко и стотина резервни делови од „Сведмилк“ денес се продаваат на лицитација.

Се продава и земјиштето на кое е сместена зградата. Продажбата ја објави Тутунска банка, која е најголемиот доверител во фирмата со цели 8 милиони евра. Од банката велат дека и покрај продажбата на опремата и на земјиштето, максималната цена што може да се постигне се 7 милиони евра. Ова ќе значи дека не само што банката нема да го покрие долгот туку со кратки ракави ќе останат и останатите доверители и сточарите на кои оваа млекарница им должи цели 4 милиони евра.

Продажбата е преку извршителот Гордан Станковиќ, а учесниците на лицитацијата се држат во тајност.

- Денес ќе се знае колку и кои фирми се заинтересирани. Право на присуство имаат само тие што имаат уплатено 10 отсто од сумата и никој друг - дециден е Станковиќ. Стечајниот управник Богољуб Макревски вели дека се продава с` што е во млекарницата, од опремата за прифаќање млеко, полнење, пастеризација и чување.

- Колкава ќе биде вредноста ќе се знае на денот на лицитирање. До крајот на летово треба да се знае и новиот газда на млекарницата - вели стечајниот управник на „Сведмилк“.

На првата продажба не се очекува да се добие новиот сопственик. Сите заинтересирани фирми мора да уплатат 10 отсто од утврдената вредност на средствата што се предмет на лицитацијата.

Млекопроизводителите со кои вчера контактиравме се надеваат дека новиот купувач ќе даде повеќе пари од долгот што го има млекарницата кон банката и дека ќе добијат барем дел од парите.

- Продажбата е решение само за банките што имаат хипотеки врз млекарницата. Законски по продажбата прво ќе се исплати долгот кон Тутунска банка, која така ќе си ги наплати своите побарувања за неплатените рати за кредитот. Дури потоа ако има пари се за нас - велат сточарите. Тие се разочарани и веќе се помириле со фактот дека пари нема.

Некои од нив велат дека никогаш повеќе нема да склучат договори за продажба на млеко со некоја фабрика бидејќи ова им било големо училиште. Другите на кои млекарницата им должи веќе не се сточари бидејќи ги распродадоа кравите.

Вкупниот долг на фабриката е 32 милиона евра, од нив, околу 4 милиони евра отпаѓаат на побарувањата на млекарите. Експертите велат дека првичната вредност на млекарницата била 25 милиони евра, што значи дека е за 7 милиони евра пониска од нејзините догови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik